Пожарот во магацинот во Кисела Вода е локализиран, еден пожарникар е повреден

Откако голем пожар попладнево избувна во магацински простории на Јужен булевар во скопската населба Кисела Вода, во дел од населбата се исклучени и струјата и водоснабдувањето.

Пожарот е ставен под контрола и локализиран благодарение на брзата интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, соопшти градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Според него, со навремената реакција било спречено пожарот да се прошири на околните објекти и да предизвика поголема материјална штета.

„Фала Му на Бога, жртви нема. За жал, еден пожарникар е повреден при интервенцијата и веднаш е пренесен на Клиника. Му посакувам брзо закрепнување и изразувам огромна благодарност за неговата пожртвуваност“, напиша Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека интервенцијата уште еднаш ја покажала важноста на Противпожарната бригада и пожртвуваноста на пожарникарите, кои секојдневно го ризикуваат сопствениот живот за да ги заштитат граѓаните.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *