Врсничко насилство: Јаневска вели дека компонентата на воспитувањето недостасува во многу семејства

Во собраниска процедура се законски измени со кои се предвидуваат парични казни за родителите и старателите на деца за кои ќе се утврди дека извршиле врсничко насилство во училиште, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Таа истакна дека во многу семејства недостига воспитната компонента и оцени дека без поголема ангажираност на родителите нема да може успешно да се спречи врсничкото насилство.

„Во многу семејства недостасува токму таа воспитна компонента, што е основа за здраво растење. Последниот случај на врсничко насилство покажа деца со недостиг на емпатија и со изобличени вредности. Едни се изживуваат врз дете, а други стојат настрана, снимаат и се забавуваат наместо да помогнат“, изјави Јаневска на панел посветен на врсничкото насилство во Општина Гази Баба.

Таа нагласи дека насилството меѓу учениците може да се спречи само со заедничко дејствување на институциите, наставниците, родителите и целата заедница. Изјавата на министерката доаѓа по последниот случај на врсничко насилство во скопската населба Аеродром.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *