Одржан протест против одлуката на судот за имињата на улиците во Тетово

Во Тетово се одржа протестен марш на ДУИ против одлуката на Уставен суд за укинување на општинската одлука од 2007-ма за преименување на десетина улици. Протестот дојде по повик на партиска одлука на огранокот на Тетово и лидерот Ахмети пред неколку дена.

Протестантите се собраа на плоштадот по што се упатија кон зградата на Општина Тетово. Немаше јавни обраќања. Имаше извикувања Кој го продаде Тетово-Биљал, Српски свет надвор од Тетово. На зградата на Општина Тетово беа залепени називи на улици и оставени транспарентите со кои се протестираше.

Сепак, во неделата, Беким Сали од ВРЕДИ го опиша протестниот марш како политички мотивиран. Како што објасни тој, одлуката за промена на имињата на улиците во 2007 година била донесена само од локалниот совет, но немало одобрение од Владата, како што е предвидено со законот.

Сали, исто така, изјави дека Тетово започнало нова постапка за промена на имињата на улиците во согласност со важечките законски прописи.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *