
Во интервју за програмата „360 степени“, претседателката Силјановска Давкова потврди дека ќе се сретне со бугарската колешка Јотова во Софија во среда, во рамките на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).
Таа изјави дека тоа ќе биде природно продолжение на нивната средба во Ереван и дека очекува да бидат покренати суштински прашања, бидејќи, според неа, нема нерешлив проблем.