
Паралелно со предлогот од Германија и Франција, во интервју за „Еуроњуз“, претседателот на Европскиот совет, Кошта, предложи поедноставување на правилата на ЕУ за прифаќање нови членки.
„Моментално треба да гласаме (…) повеќе од 40 пати за да го постигнеме целиот процес“, рече тој, додавајќи дека ЕУ би можела да се обиде да ги „намали моментите кога донесуваме одлуки за поедноставување“ на процесот.
Кошта додаде дека „билатералните прашања“ што би можеле да ја запрат кандидатурата на една земја треба да се „решат“ меѓу засегнатите земји, со поддршка од институциите, но не на нивна штета.
„Јас лично верувам дека не ни треба едногласност за отворање поглавја и групи. Само ни треба едногласност за затворање на поглавјата и групите“, објасни Кошта.