Таканареченото мало Бадентерово мнозинство ќе се користи во постапката за предлог-закон за претставување

Законот за правична застапеност ќе се носи со мало Бадентерово мнозинство, односно со мнозинство од присутните пратеници од немнозинските заедници во салата за време на гласањето. Комитетот за односи меѓу заедниците ја донесе оваа одлука со 11 гласа „за“ и два „против“.

Се спротивставија пратениците од Европски фронт и Албанска лига кои сметаа дека законот треба да се носи со т.н. голем Бадентер или мнозинство од вкупниот број пратеници што припаѓаат на немнозинските заедници, но нивниот предлог беше одбиен.

“Европскиот фронт нема да молчи, ние нема да прифатиме да се заобиколуваат уставните механизми само затоа што тоа му одговара на парламентарното мнозинство. Нема да прифатиме пред граѓаните да се претставува како успех процес што ги ослабува позициите добиени со Охридскиот рамковен договор”, изјави Рина Ајдари, Европски фронт.

Пратениците од опозициските партии на Албанците го критикуваа и законското решение, посочувајќи дека со него не се предвидени квоти ниту, пак, како ќе се контролира дали правичната застапеност се почитува, а тоа, велат, ќе има долгорочни последници.

Од „Вреди„ ги потсетија ДУИ дека и Законот за употреба на јазиците бил донесен со мал Бадентер и дека тоа никому не му пречело. Ги повикаа сите пратеници да дадат поддршка за законот.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *