AFET го усвои нацрт-извештајот на известувачот Вајц

Со 43 гласа за и 17 против, предлог-извештајот за Македонија на известувачот Томас Вајц и официјално помина на комисијата за надворешни работи во Европскиот парламент.

Иако имаше над 400 поднесени амандмани, во кусата процедура и без никаква расправа од присутните, беа усвоени само 11 компромисни чија содржина се уште не е јавно објавена и 2 амандмани поднесени од бугарските европратеници. Се уште не е познато ниту дали амандманот на известувачот Вајц кој побара да се расчистат нејаснотиите за вториот билатерален протокол e дел од компромисните амандмани или не.

Во прифатените амандмани на бугарските европратеници, пак, се повикува земјава да ја одржи следната седница меѓу македонската и бугарската влада за спроведување на договорот за добрососесдство, додека вториот се однесува на историската комисија која се повикува да постигне јасни и опипливи резултати во својата работа.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *