
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција обвини дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, е подготвен да прифати уставни измени и редефинирање на македонската историја и идентитет.
„Прво спроведување на уставни измени, а потоа редефинирање на историјата и идентитетот. До таму е спремен да оди специјалниот бугарски пратеник на Румен Радев, Венко Филипче“, изјави Манасиевски.
Тој обвини дека Филипче е „на иста линија“ со Виктор Стојанов од фондацијата „Македонија“, како и со бугарската министерка Петрова Чамова, тврдејќи дека тие шират ставови со кои се негира македонскиот идентитет и историја.
Од друга страна, СДСМ продолжи да бара организирање референдум за интеграција во ЕУ. Од СДСМ обвинија дека власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ има пари само за криминални тендери, а нема пари за поголеми плати, како и за референдум на кој граѓаните треба да одлучат за својата судбина.