
Министерството за внатрешни работи презентираше дополнителни детали во врска со случајот со свлечиштето на градилиштето во Центар.
Како што се вели, полициските службеници извршиле службени разговори со В.К. и А.Х. од правното лице кое инвестира во имотот, како и со А.М., кој го управувал багерот.
Се преземаат дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот, додаде институцијата.
Тетовската компанија „Про билдинг“ и „Палматрејд“ се компаниите наведени како инвеститори, објави Телма. Според Телма, Инспекторатот за труд издал забрана за работа на градилиштето три дена пред свлечиштето, по спроведена вонредна инспекција.