
Европската комисија денеска стави на располагање 65,7 милиони евра за Македонија во рамки на Планот за раст за Западен Балкан, односно преку Инструментот за реформи и раст. Исплатата следува по третото барање за плаќање и позитивната оценка на Комисијата за спроведувањето на дел од реформските обврски од реформската агенда.
Покрај Македонија, средства добиваат и Албанија — 49 милиони евра, и Црна Гора — 44,2 милиони евра.
“Планот за раст прави вистинска разлика во секојдневниот живот на луѓето низ целиот Западен Балкан.. Во Северна Македонија, учениците ќе имаат подобар пристап до модерна ИТ опрема во училниците. Ова покажува како реформите се претвораат во видливи придобивки за граѓаните”, напиша Марта Кос.
Муцунски рече дека ослободувањето на средствата е јасна потврда за силната посветеност на Владата за реформите, исполнувањето на обврските од Планот за раст и спроведувањето на европските вредности и стандарди на домашно ниво.