
Владата на вонредна седница ги продолжи мерките во врска со цените на нафтените деривати. Намалените акцизи и повластеното ниво на ДДВ ќе останат на сила и во следните две недели.
Кај нафтените деривати, акцизата е намалена за два денари, додека ДДВ ќе продолжи да биде повластен и ќе изнесува 10%.
За дизелот, акцизата е намалена за четири денари, но ДДВ е по редовна стапка од 18%.