
Претседателката Силјановска Давкова, по повод две години на функцијата, во интервју за Македонското радио, во врска со патот кон ЕУ и Бугарија, ги отфрли критиките дека им „држи предавања“ на европските претставници, нагласувајќи дека само посочила на двојни стандарди и потребата од почитување на Копенхашките критериуми и европските вредности.
Исто така, претседателката имаше интервју за МТВ1. Во врска со судството, таа рече дека реформи може да има само преку целосна департизација и деполитизација. Таму ги нема најдобрите адвокати, забележа таа.
Во врска со одлуката на Обвинителството за случајот „Мазут“, таа рече дека е малку изненадена од коментарите на генералниот обвинител Савески дека не бил информиран за тоа.