Се планираат законски измени за казнување на родители на насилни ученици

Весна Јаневска, министерка за образование и наука, најави законски измени со кои ќе се предвидат санкции за родители чии деца покажуваат насилно однесување во училиштата. Таа информираше дека веќе се разговара со пратеници за формулирање на измените во законската регулатива.

„Во моментот разговараме со пратениците да се формулира таа измена во законот“, изјави Јаневска на прес-конференција.

Изјавата следува по последниот случај на насилство во основно училиште во општина Чаир, како и по инцидентот во ООУ ООУ „25 Мај“ во населбата Ченто, каде 15-годишник нападнал ученик со остар предмет.

Јаневска оцени дека агресијата кај децата и внесувањето ладно оружје во училиштата не потекнуваат од образовните установи, туку од надворешната средина и семејството. Таа повторно ја отвори и темата за лиценцирање на училишните психолози, како и дополнителна едукација на наставниците за препознавање насилно однесување кај учениците.

Кога станува збор за тинејџерот кој беше избоден од врсник во Ченто пред неколку дена, иако неговата состојба е стабилна, тој сè уште е поврзан на машина за вентилација.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *