Ветеринарната агенција потврди дека животното во Козле е волк

Животното кое вчера создаде паника во Козле сепак било волк, потврдуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Се уште не е познато како волк со ланец, кој веројатно бил чуван во домашни услови, синоќа заврши на улиците на скопската населба Козле и предизвика вознемиреност кај граѓаните.

Портпаролката на скопската зоолошка, Тина Мицковска раскажа дека вознемирени граѓани и јавиле дека животното се појавило пред нејзината зграда, по што по кратко време волкот бил заловен.

Од Зоолошката ги отфрлија шпекулациите кои се појавија во некои медиуми, дека наводно од ахв информирале дека станувало збор за куче со чип, за што реагирал сопственикот, а не дека станувало збор за волк. Веста ја деманиираа и од агенцијата, а подоцна се уверил исопственикот дека не станувало збор за неговото куче.

Од скопската Зоолошка соопштија дека инспектори на АХВ дополнително ќе вршат проверки од каде дошол волкот, со цел да се утврди дали можеби е донесен од друга земја или пак од друга зоолошка.

Во следниот период, волкот ќе помине специјален третман во Зоолошката и ќе биде во карантин од најмалку 21 ден. Како што потенцираат од Зоолошката градина во главниот град, по завршување на карантинот, волкот ќе биде добие живеалиште и таму ќе го продолжи својот живот.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *