
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата со мнозинство гласови го усвои предлогот Катерина Зајковска да биде избрана за член на Државната комисија за спречување на корупцијата. Прворангираната Зајковска имаше вкупно 90.67 бодови.
Предлогот на СДСМ за второрангираната кандидатка, Милка Муратовска, беше отфрлен.
Предлогот ќе мора да помине и на пленарна седница. Доколку биде избрана, таа ќе ја наследи Цвета Ристовска.