Реакции за боледувањето на градоначалникот на Карпош, Лукровски

Градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски го назначи советникот Неделчо Крстевски за свој заменик.

Со решението кое е објавено во Службен весник на општина Карпош, Неделчо Крстевски кој ќе го менува градоначалникот додека е отсутен е назначен и за овластен потписник на сите сметки и финансиски документи на општината. Тој според решението ги има истите права и обврски како и градоначалникот.

Овие случувања покренаа лавина шпекулации дека градоначалникот Луровски сака да се повлече од функцијата посебно што тој подолг период не е присутен во јавноста.

Со реакција се огласија од Општина Карпош. Од таму соопштија дека тој користи боледување и е привремено отсутен поради здравствени причини – замолуваат за разбирање и почитување на приватноста на градоначалникот и неговото семејство.

„Уверуваме дека Општина Карпош продолжува да функционира непречено, со целосен капацитет и посветеност кон потребите на граѓаните“, тврдат од локалната самоуправа.

Ситуацијата ја коментираше и поранешниот градоналачник, Стевчо Јакимовски, кој на Фејсбук напиша дека „овластување дадено на друг човек не го ослободува градоначалникот од одговорност. Не може карпошани да гласаат за еден човек, а потоа партијата да им поставува друг да управува со општината“.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *