Ден на македонскиот јазик: Филипче ги пофали политиките на СДСМ

По повод денешниот Ден на македонскиот јазик, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, порача дека благодарение на правилните политики на СДСМ, денес македонскиот јазик е целосно признат и заштитен на меѓународно ниво.

„Денеска го одбележуваме Денот на македонскиот јазик, јазик кој е целосно признат во Фронтекс во 2022-ра година, првиот официјален договор во Европската Унија, потпишан на чист македонски јазик, без фусноти, без објаснувања, без ѕвездички“, рече Филипче.

Тој потсети дека признавањето на македонскиот јазик е потврдено и во меѓународните договори и организации.

„Во Преспанскиот договор од 2018 година експлицитно е наведено дека македонскиот јазик е дел од јужнословенската група јазици и е признат од Обединетите Нации. Во Европската Унија, македонскиот јазик е официјално признат во Преговарачката рамка, во Обединетите Нации, сите други меѓународни организации и секако билатерални договори“, рече Филипче.

Сè уште не е формирана влада во Бугарија, а Мицковски веќе најави заострување на односите и дека немало да има напредок, додаде Филипче.

„Затоа започна нова кампања за создавање вештачки конфликт со Бугарија, за да може потоа да објасни дека нема напредок во европските интеграции поради Бугарите, а не поради неговата неспособност и одбивањето да ги исполни реформите“, потенцраше претседателот Филипче. Тој нагласи дека прашањето за малцинствата во Уставот е европско прашање, а не билатерален спор.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *