
Два од десетте чекори кои ги бара Брисел, нема да бидат спроведени до јуни. Едниот е Изборниот законик, а причината според премиерот Мицкоски е излезот на СДСМ од работната група во Министерството за правда. Владата нема да го спроведе и барањето за укинување на субвенционирањето на струјата, бидејќи на тој начин сметките би пораснале за над 30 проценти.
Сепак, СДСМ го обвини премиерот дека се обидува да ги прикаже СДСМ како виновници за недостатокот на напредок во реформите во јуни. Според партијата, тој бара алиби за неуспех.