СДСМ со нови обвинувања кон Владата поврзани со Орбан и Груевски

СДСМ побара Јавното обвинителство да отвори истрага за, како што велат од партијата, кинеските пари поврзани со унгарскиот кредит од една милијарда евра што Владата го договори со Унгарија.

На прес конференција, портпаролката Кузеска посочи дека по најавите на Маѓар за преиспитување на договорите за кинески кредити во Унгарија, истрагата треба да се прошири и на Македонскиот случај.

Таа се повика на објава на „Блумберг“, според која Унгарија открила детали за заем од една милијарда евра што владата на Виктор Орбан го земала од кинески банки во 2024 година – истата година кога Македонија го договори кредитот од Унгарија во ист износ.

Од СДСМ тврдат дека и во Македонија имало, како што наведуваат, скриени трошоци и неразјаснети трансфери поврзани со договорот, поради што бараат целосна истрага.

„Затоа СДСМ повикува Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага и сѐ да се истражи“, порача Кузеска.

Истиот ден, партијата иронично праша дали документите од Министерството за правда во врска со случајот на поранешниот премиер Никола Груевски сè уште патуваат.

Исто така, во саботата, Кривичниот суд потврди дека сите документи потребни за екстрадиција се доставени до Министерството.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *