Кос наводно испратила писмо до лидерите на Светска банка во врска со планот за раст и реформите

Еврокомесарката за проширување Марта Кос испрати писмо до лидерите на земјите од Западен Балкан, во кое предупредува дека регионот може да изгуби вкупно до 750 милиони евра од Планот за раст доколку не се забрзаат реформите, јавуваат регионалните медиуми.

“Минатата недела им пишав на властите во регионот да ги забрзаат реформите, во спротивно нивните граѓани ќе изгубат многу. Планот за раст е строго заснован на акција и има временско ограничување. Во моментов, над 700 милиони евра се во опасност трајно да бидат изгубени доколку реформите не бидат завршени до јуни или до декември 2026 година”, изјави вчера Кос пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент.

Според податоците на РТЦГ, Северна Македонија ризикува да изгуби 49,2 милиони евра.

Исто така, во врска со интеграцискиот пат, комесарката се надева дека новата бугарска влада ќе ѝ помогне на Северна Македонија да ги започне преговорите за пристапување. Сепак, таа повторно рече дека уставните измени остануваат услов.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *