
Пронајдена е ДНК на апелациониот судија Ѓоко Ристов, на фолијата со која ги завиткал банкнотите пред да ги задида во ѕидот на семејниот дом на неговите родители.
Оваа информација со новинарите ја сподели обвинителката Искра Хаџи Василева, која напомена дека со текот на постапката доказите уште повеќе ја зајакнале тезата на обвинителкството за гонење на организиран криминал, и верува дека ќе ги докажат двете кривични дела за кој е обвинет судијата.
Обвинителката дополни дека имаат уште многу докази кои укажуваат дека парите се на судијата, а за истите не може да ги оправда. Тезата дека парите се од продажба на имот, се покажала како неточна, уште на почетокот на истрагата, а покрај 350 000 евра, при претресот биле пронајдени и ливчиња на кое биле запишени броеви на неколку судски предмети.
Во однос на пуштањето на слобода на Љупчо Пецов Ѓаволот, од Обвинителството објаснуваат дека ваквата одлука е оправдана со оглед на тоа што дал гаранција десет пати поголема од штетата од делото кое го направил, а во меѓувреме, парите ги надоместил.
Сепак, и за него има обвинение за кривично дело Злосторничко здружување, Даночно затајување и Помагање при даночно затајување.