
На прес-конференција во неделата, лидерот на СДСМ, Филипче, изјави дека неговата партија бара итни и конкретни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните, со посебен акцент на најранливите категории.
Според него, Владата применува погрешни политики и не реагирала навремено.
Во врска со ставот на Мицкоски за кривичната пријава, лидерот на СДСМ рече дека има чудни амплитуди во врска со „чувствата“ на премиерот.
Претходно, Мицкоски изјави дека нема да коментира за обвинението од страна на СДСМ за да не влијае врз работата на обвинителите.