Судењето за Ивана и Катја продолжува

Психичката состојба на Ивана која го загуби животот по пад од балкон заедно со нејзината шест годишна ќерка Катја била директен резултат на малтретирањето од нејзиниот сопруг Стојанче Јовановски, според вештиот наод и мислење на психолог и психијатар презентиран од обвинителството на денешното рочиште.

Со изведување на материјалните докази продолжи судењето, а обвинителството презентираше видео од телефонот на Стојанче како ја снима Ивана непосредно откако тој ја пријавил за семејно насилство, а таа плачејќи го прашува зошто ја удрил. Ивана му вели дека и таа ќе го пријави за семејно насилство и да не бега.

„Ме истепа и ми викна полиција. Стојанче се смее. Ивана му вели психопат еден. Затоа што ме истепа и викна полицијата да им кажеш што имаш направено. А по скали што ме турна пред сведоци и сакаше да ме убиеш. Стојанче вели што не ме пријави. Ивана вели те пријавив. Колку пати ме имаш тепано. Во систем колку пријави има за тебе за семејно насилство“, го опишува видеото обвинителката Адела Бојчевиќ.

Неда Чаловска, адвокатата на семејството на Ивана, вели дека снимките се и доказ за непостапување на полицијата која можела да направи повеќе. На наредното рочиште во петок треба да сведочи Јовановски.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *