
Дали по Велигден ќе има нови мерки против поскапувањата, како намалување на ДДВ и ограничување на профитната маржа на трговците ќе се знае откако на владината седница во вторник ќе се разгледа извештајот на пазарните инспектори кој се изработува на барање на премиерот.
Врз основа на таа анализа ќе биде познато дали има разлика во цените на основните прехранбени производи, односно дали и колку тие поскапеле на почетокот на април, споредено со февруари годинава.
На следната владина седница ќе имаме извештај и компаративна анализа и ќе резгираме врз основа на неа. Сега за сега остануваат мерките со намалување на ДДВ за бензините и дизел горивата да биде од 18 на 10 проценти и одлуката за усогласување на акцизите, со која РКЕ може да постапува, изјави Мицкоски.
Премиерот денеска најави дека очекува на следната седница на Регулаторната комисија за енергетика да се донесе одлука со која цената на дизелот ќе се намали за 2 ипол денари, а на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 за 1 ипол денар. Повтори и дека дека државава има доволни количини да го амортизира притисокот од соседството, со што потрошувачката во пограничните места е зголемена и за 30 проценти.
Од СДСМ реагираа дека, наместо да објавува мерки за намалување на цените и заштита на животниот стандард, чита цени на горивата – кои ги утврдува Регулаторната комисија за енергетика. Исто така велат дека граѓаните се оставени со пражни фрижидери на Велигден.