
Министерството за економија го финализира извештајот за цените на прехранбените производи. Во вторник ќе се најде на владина седница. Какви биле варијациите, ќе се објави по велигденските празници.
Премиерот Мицкоски вели дека нема проблем со снабдувањето на нафтени деривати, но има раст на дневната побарувачка. Во врска со изградбата на Коридорите 8 и 10d, тој нагласи дека работите се во согласност со предвидената динамика.
Премиерот ги даде овие коментари одговарајќи на новинарски прашања во Струга, каде што го означи почетокот на изградбата на канализациски систем за отпадни води во селото Враништа.