
Оставката на обвинителката Ленче Ристоска денеска пред Советот на јавните обвинители. Едногласно и без расправа е констатирана.
Јавната обвинителка Ленче Ристоска минатата недела поднесе оставка од функцијата поради, како што наведе, долгогодишни притисоци, опструкции и неодамнешните одлуки на Советот на јавни обвинители и државниот јавен обвинител со кои ѝ се одземаат предмети на кои работи изминатите години. Во отвореното писмо, Ристоска упати критики до системот, посочувајќи дека нејзиниот интегритет бил директно нападнат.
Во врска со претставката против Мицкоски, Претседателот на Советот Башким Бесими рече дека е неоснована. Во врска со кој ќе ја наследи односно кај кој ќе отидат предметите Талир 1 и Талир 2, Савески рече, “Ќе видиме во судница”.