
На семејното насилство што цели две години се случувало во домот на Ивана и Стојанче Јовановски сведочеле и соседите. Една од нив денеска во судот рече дека двапати повикувала полиција, но не можеле да утврдат од кој стан доаѓале повиците за помош.
„Кога полицијата дојде по вторпат, полицаецот не беше коректен“, сведочеше сосетката. Тој ѝ се заканил дека ќе одговара за лажно пријавување.
Сведочеше и братот на Ивана. Тој на почетокот на сведочењето рече дека до 2025 година немало никакви знаци дека Ивана има проблеми во бракот, но од минатата година таа ја сменила комуникацијата со нив и тогаш сфтаиле дека нешто не е во ред.
По инцидентот во Штип кога Ивана и Катја биле исфрлени од Стојанче и оставени на автопат, тие дознале што доживувале нивните блиски. Тој рече и дека Ивана била многу исплашена од Стојанче, кој ѝ се заканувал дека ќе ѝ ја земе Катја и станот во којшто живееле.