Случај Славески: ДКСК не наоѓа основа за дејствување, и претседателот се изјаснува на истото

За случајот со Славески, денеска расправаше и антикорупциска кои оцениле дека основ за нивно постапување немало.

“Оценивме дека нема основ за наше постапување, од причина што евентуалната одговорност на гувернерот, за неговото заминување и разрешување е надлежно собранието или евентуално обвинителството, дотолку што повеќе, веќе е поднесена кривична пријава против него од страна на политичката партија СДСМ. Нема основ за постапување на антикорупциска”, изјави Адем Чучуљ.

Во меѓувреме и натаму се очекува ставот на претседателката Гордана Силјановска Давкова, која посочи дека анализира дали гувернерот Славески, кој беше нејзин предлог, го прекршил законот, по што ќе одлучи дали има основа за нов предлог, овојпат за негово разрешување.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *