Ново рочиште во судењето на Ивана и Катја

Речиси три часа обвинителката Адела Бојчевиќ, судијата Ивица Стефановски и одбраната го испрашуваа сведокот Мартин Саздов во процесот каде обвинет е Стојанче Јовановски за три кривични дела, меѓу кои и за наведување на самоубиство.

Саздов, кој дошол по Ивана и Катја, ноќта кога Стојанче ги оставил на автопат во близина на Штип, видно вознемирен, низ солзи раскажуваше за трагичниот настан во кој животот го изгубија Ивана и нејзината шест годишна ќерка Катја. Саздов, одговарајќи на прашањата, раскажа за насилството кое Ивана го трпела, а често и пред него.

Иако одреден период престојувала кај мајка и, но се вратила кај насилникот за да може да си го поврати нејзиот дел од станот, кој претходно му го препишала на сопругот. Кратко пред трагичниот настан, отишла дома да се спакува, но се премислила, им кажала на Мартин и Стојанче да не ја чекаат, дека сака да одмори. Кратко потоа се јавила на камера од тераса со детето во раце, по што се слушнал силен удар.

Пред судот сведочеше и очевидец при еден од нападите на Стојанче врз Ивана. Посочи дека се обидела да го смири Стојанче додека ја тепал во паркот во Ѓорче Петров. Иако повикала полиција, Ивана не сакала да поднесе пријава против Стојанче.

Иако Ивана на денот на трагедијата барала помош од полицијата но не сакала да поднесе пријава, полицајците ѝ кажале дека може да одговара за лажно пријавување, при што ја советувале проблемите меѓусебно да си ги решат.

Судењето продолжува утре, за кога е планирано да сведочат наставничката на Катја, братот на Ивана и една сосетка.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *