
Секоја одлука на НАТО за помагање на САД во војната со Иран треба да се решава на заедничката масата на Алијансата во Брисел, како заедничка политика на земјите-членки, но откако такво конкретно барање ќе стаса до Алијансата. Ова е заеднички став на претседателите на Македонија и Црна Гора, Гордана Сиљановска Давкова и Јаков Милатовиќ, за барањето на американскиот претседателот, Доналд Трамп, за помош од НАТО.
Претседателката Давкова даде свој став за амандманот на известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, за правно толкување на Протоколот со Бугарија од страна на Европскиот совет.
„Мислам дека тоа барање е задоцнето, но секо барање за правна интерпретација е добро. Мислам дека уште при расправата за преговарачката рамка и за заклучоците требало да се води сметка за основните принципи и вредности на ЕУ“, рече Давкова.
Давкова пак изјавата на премиерот, Христијан Мицкоски, дека Македонија е подготвена да чека и децении на членство за да добие предвидливост на процесот, смета дека била дадена во условна форма и нејзин став е дека Македонија треба да стане членка на ЕУ веднаш по Црна Гора, ако се води според технички критериуми и низ призма на реформите.