РКЕ: Цените на бензинот паѓаат, цената на дизелот непроменета

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста. Регулаторна со нови одлуки. Од ноќеска на полноќ 95 ќе се точи по цена од 84 денари за литар или 2, 5 денари поевтино.

Цената на 98 се намалува за три денари и литар ќе чини 86 денари. Кај дизелот чија цена периодов е најмногу на удар, овој понеделник нема да има промени. Литар чини 95 денари.

Случувањата на Блискиот исток кој ги размрдаа берзите од горивата најмногу удрија на дизелот. До сега неговата цена е порасната за над 30 отсто. Од Советот на Народната банка соопштија дека има ризик по инфлацијата.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *