Соседка и мајката на Ивана сведочат на судењето на Стојанче Јовановски

Соседите на Ивана биле сведоци на насилството кое таа во континуитет го трпела од својот сопруг Стојанче Јовановски и неколку пати го пријавувале во полиција.

На судењето денеска сведочеше сосетка која лично го има пријавено Стојанче за физичко насилство. Таа сведочеше дека при еден ваков иницидент, малата Катја – ќерката на Јовановски, истрчала од станот и почнала да вика по соседите барајќи помош.

Ова не бил прв инцидент на Стојанче пријавен во полиција. И неговата мајка го пријавувала во полиција за насилството што го вршел врз Ивана. Ова го кажа Љубица Стојановска, мајката на Ивана која исто така сведоечеше денеска.

Таа рече дека Стојанче имал тешко детство и нарушени односи со неговите родители, кои ги обвинувал дека се неморални. Според нејзиниот исказ тој ја тепал и мајка си.

Малтретирањето на Ивана било не само дома, туку и на работното место – Стојанче ја посетувал на работа, и се заканувал, и ги одземал мобилните телефони.

Во сведочењето, мајката зборуваше за секојдневното насилство кое го трпела нејзината ќерка. Посебно емотивно беше сведоштвото за инцидентот кој се случил лани кога при враќање од Штип, Стојанче се налутил, ги извадил Ивана и Катја надвор од автомобилот и откако ја изнатепал Ивана, ги оставил неа и детето сред автопат.

Стојанче Јовановски, кој е обвинет за наведување на самоубиство на сопругата Ивана Стојаноска на денешното судење призна вина за две дела – нанесување на тешки дела и загрозување на сигурноста.

Но за третото дело „наведување на самоубиство“ рече дека не е виновен Судијата не го призна признанието на вина бидејќи сметаше дека не е доброволно дадено. Јовановски претходно, во својот исказ пред Судот кажа дека бил принуден да признае вина.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *