Ново рочиште за судењето за пожарот во Кочани

Ново рочиште во судскиот процес за пожарот во Кочани се одржа во среда.

Клубот „Пулс“ не смеел да добие лиценца за работа, бидејќи се наоѓа во зона за лесна и незагадувачка индустрија. Ова го тврди сведокот Драги Илијевски, вработен во општина Кочани кој пред судот кажа дека за отворањето на клубот, на место на магацин за теписи, разбрал од луѓе кои зборувале низ градот.

Општината не испратила градежен инспектор на увид, бидејќи, како што рече сведокот, околу објектот немало градежни активности кои укажувале дека се врши преадаптација на просторот.

Обвинителот Дарко Јакимовски предложи за да не се одолговлекува судењето да се прочитаат нивните искази дадени во обвинителството. Потенцираше дека тоа што дел од нив спасувале за време на пожарот не е негација на крицичното делот а клучно е прашањето како дошло до тоа да спасуваат.

Исто така, еден од адвокатите ја информираше судијката дека и до новиот обвинител Савески доставиле иницијатива зап реиспитување на обвинението. Судењето продолжува на 6-ти април.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *