
Регулаторна комисија за енергетика го промени правилникот за формирање на највисока малопродажна цена на одделни нафтени деривати. Со ваквата измена наместо секој понеделник регулаторите ќе можат да носат одлуки и претходно.
Ако во меѓувреме Владата на седница донесе некаква измена, комисијата ќе може веднаш на вонредна седница да ја промени одлуката.
Овој Правилник влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во “Службен весник на Република Северна Македонија” и на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика.
Кога станува збор за новите цени на горивата, РКЕ во понеделник соопшти дека тие ќе стапат на сила на полноќ (23/24 март).
Цените, по литар, на бензинот (ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98) ќе останат исти, додека цената на дизелот по литар се зголемува за 3,5 денари.
Коментирајќи го зголемувањето на цената на дизелот, од СДСМ изјавија дека тоа докажало оти мерката на Владата за намалување на ДДВ немала ефект.