Препораките на ОБСЕ/ОДИХР ќе бидат основа за измени во изборното законодавство

Препораките на ОБСЕ/ОДИХР ќе бидат основата за измени во Изборното законодавство, пресокоа од министерствотот за правда.

Министерот Филков кој раководи со меѓупартиската работна група денеска им го подели материјалот на претставниците на парламентарните партии. Тие пак, во наредните две недели ќе треба да направат анализа на материјалот, ни и да ги дадат своите забелешки и предлози.

ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќа најголем дел од препораките на ОБСЕ, но разгледува и можност за воведување една изборна единица со одреден изборен праг, за кој допрва треба да се преговара.

Албанскиот блок инсистира на повеќе изборни единици, со варијации од 3 до 8.

Од СДСМ претходно беа наклонети кон една изборна единица, но засега не откриваат со што ќе настапат на следниот состанок.

Левицата, пак, нагласува дека е важно да се изменат правилата за државно рекламирање на сите парламентарни партии.

ЗНАМ предлага намалување на бројот на пратеници од 120 на 90, но тоа бара уставни измени, за кои поголемите партии не се подготвени.

ЛДП, освен една изборна единица, предлага и воведување на отворени листи.

Во меѓувреме од министерството информираат дека покрај партиите за измените ќе се консултираат ид ДИК, Антокорупциската комисија, Државниот завод заревизија, Агенцијата за медиуми.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *