Подготвен е прирачник за препознавање и справување со врсничко насилство

Во рамки на кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“ на „Макпетрол“ е издаден нов прирачник за препознавање и справување со врсничкото насилство, кој во соработка со Министерството за образование и наука ќе биде доставен до основните училишта во земјава.

Прирачникот го подготви психологот Деспина Стојановска која што ги предводеше едукативните работилници со учениците. Во повеќе од 150 основни училишта во 26 општини кои што се приклучија на кампањата на „Макпетрол“ се одржаа 620 работилници на кои присуствуваа над 18,000 ученици.

“Имајќи предвид дека проблемот со врсничкото насилство е мошне сериозен сметаме дека пристапот кон решавање на проблемот треба да биде долгорочен, а не само одреден број активности кои ги одбележаа претходните две години”, изјави Марија Јосифовска-Спасовска, Главен оперативен директор на „Макпетрол“.

За министерката Јаневска денешната средба и поводот за неа е потврда за исклучително успешната кампања која Макпетрол ја водеше против врсничкото насилство.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *