
Со 63 гласа „за“, седум гласа „против“ и без воздржани денеска Собранието го избра универзитетскиот професор Гоце Наумовски за нов уставен судија. Тој даде и потпиша свечена изјава пред пратениците, со која се обврза дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно и ќе ги почитува Уставот и законите.
Без расправа и со 68 гласа за, како и без ниту еден против и воздржан, Собранието на денешата 85. седница ја донесе и Одлуката за давање овластување за склучување на поединечен колективен договор, поднесен од претседателот на Собранието, Африм Гаши.