
Претседателот на Судскиот совет, Камбовски, во вторник изјави дека неговата институција веќе спровела контролни активности во врска со дел од случаите во кои постапувал обвинетиот судија на Апелациониот суд во Скопска Апелација, Ѓоко Ристов.
Сепак, бидејќи проверките се уште се во тек, тој не беше во можност да даде информации дали е откриен некаков пропуст или не. Станува збор за шест до седум случаи, објасни Камбовски.
Претседателот на Советот очекува работата на комисијата што ги проверува да заврши оваа недела. Како што додаде Камбовски, Советот ќе ја провери целата работа на Апелациониот суд.