Пет кандидати во трка за нов генерален обвинител

Пет пријави досега пристигнале на огласот за републички јавен обвинител на Република Северна Македонија на адреса на Собранието. Бројката ја потврдија од собраниските служби.

Кандидатура поднеле Владимир Панчевски, поранешен претседател на Основниот Крвичен суд Скопје, обвинителките Лидија Раиќевиќ и Ленче Ристоска, актуелниот судија во Кривичниот суд, Ненад Савевски и актуелната в.д. републичка јавна обвинителка Анита Тополова – Исајловска.

Рокот за пријавување истекува денеска на полноќ. Тоа значи дека во текот на денот уште некој кој претендира да ја добие оваа функција има можност да се пријави.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *