Сведочеа уште три преживеани момчиња во пожарот во Кочани

Сведочеа и уште три преживеани момчиња. И тие потврдија дека никогаш не добиле фискални сметки за билетите, а дека и на претходни забави била користена пиротехника. И вечерта, но и претходни вечери, имало полицајци во диското.

Сите сведоци рекоа дека немале видено ПП апарати во диското, но дека кога се случил пожарот го виделе газдата Дејан Јованов како трча со таков апарат и гасне.

„Го слушнав пејачот Панчо кога кажа дека влегле полициски службеници. Кратко пред настанување на пожарот. Но, полицијата не ја прекина забавата. Имам забележано дека се вршат такви акции и порано, ми барале и мене лична карта. Имам видено и цивилни и униформирани полицајци. Надвор стоеја двајца-тројца полицајци додека луѓето бегаа, но ништо не правеа, не знам зошто“, изјави пред судот Иван Данаилов, вториот сведок на рочиштето.

Судијката не дозволи да сведочи уште едно момче, бидејќи обвинителството не го најавило како сведок за денеска. Ваква одлука донесе по барање на адвокатите. Следното рочиште за трагедијата во која во кочанската дискотека загинаа 63 луѓе, продолжува следниот понеделник. На обвинителна клупа се 35 мина.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *