
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААМУ) изрази загриженост во врска со континуираното етикетирање и јавните напади од страна на СДСМ врз одредени новинари и медиуми.
ААМУ потсети дека слободата на изразување, медиумскиот плурализам и уредничката независност се основни демократски вредности. Предупреди дека дискредитирањето на новинарите создава притисок, го поткопува јавниот дијалог и ја загрозува нивната безбедност и интегритет.
Агенцијата ги повика сите политички актери да избегнуваат реторика што ја поттикнува поларизацијата или ги дискредитира медиумите и да ја почитуваат нивната уставна и професионална улога во демократијата.