Поранешниот претседател Пендаровски ги отфрла обвинувањата на премиерот Мицкоски

Поранешниот претседател Стево Пендаровски реагира на обвинувањата на премиерот Христијан Мицкоски дека тој за време на својот мандат во ковид-пандемијата донел незаконски и неуставни одлуки.

Пендаровски, како што посочува во реакцијата, до Собранието ги доставил сите одлуки поврзани со прогласувањето на вонредната состојба, а Уставниот суд веќе се изјаснил во однос на легалноста. Нападите на премиерот ги толкува како неосновани клевети.

„Навистина мислев да не му давам на значење на господинот Мицкоски, затоа што ја разбирам неговата потреба катастрофалните ’резултати’ од своето досегашно владеење да ги покрива со коментари за работи кои не ги разбира, но, заради јавноста ќе морам да објаснам некои работи кои за жал на ’експертот за енергетика’ претходно не му ги објасниле неговите ’големи правници’. Имено, Уставниот суд уште пред повеќе од пет години со мнозинство гласови потврди дека одлуките за вонредната состојба се во склад со Уставот и законите“, вели Пендаровски.

Во објавата на Фејсбук, Пендаровски посочува и дека уредбите со законска сила ги носеше и ги имплементираше Владата.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *