СДСМ бара мерки и итна седница за загадувањето на воздухот во Скопје

Бесплатен превоз, пари за филтри, еколошко греење, чистење, опозициската СДСМ излезе со конкретни мерки за справување со загадениот амбиентален воздух во Скопје и бара итна вонредна седница на советот за проблемот со загадувањето.

Од каде велат дека официјалните податоци покажуваат екстремно присуство на штетни материи во воздухот и метрополата е најзагаден град во Европа. Целото население особено ризичните категории деца, млади, возрасни и хронично болните се директно изложени на сериозни здравствени ризици.

Од владеачката ВМРО ДПМНЕ со свој одговор на реакцијата од СДСМ за аерозагадувањето, велат дека навистина е лицемерно тие да зборуваат за загаден воздух.

“За седум години можеа барем за 10% да го намалат загадувањето на воздухот, ама приоритет им беше градење згради, како што сакаа во Ѓорче во Хром да никнат 100 згради во 2020 година и Расадник исто така 100 згради исто периодот 2020 година. Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС се гледа и во рејтингот”, изјавија од ВМРО.

Од СДСМ се децидни дека ВМРО-ДПМНЕ не може да побегне од фактот дека Скопјани се гушат во загаден воздух а владата не преземала ништо за тоа, и прашуваат каде исчезнала ветената милијарда од премиерот за чист воздух и намалувањето на загадувањето за 50 отсто.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *