Кошта оценува дека властите во Северна Македонија знаат што треба да направат

Во изјавата по самитот ЕУ-Западан Балкан претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта се осврна на пет земји од регионот, без Србија, која го бојкотираше состанокот.

За Македонија Кошта рече: „Во однос на Северна Македонија, ги поздравуваме чекорите за зајакнување на регионалната поврзаност. И се надеваме на вистински напредок во 2026 година. Нивните власти знаат што треба да направат“.

Пред самитот, претседателот на Европскиот парламент Мецола изјави дека е време ЕУ да почне да ги зголемува своите членови, бидејќи проширувањето е добитна опција за Европа и Западен Балкан.

При пристигнувањето на настанот, премиерот Мицкоски изјави дека е добро кога регионот е во оптиката на ЕУ, што е охрабрувачки и за граѓаните на регионот.

Според него, Западен Балкан географски припаѓа во Европа, а логично е да биде интегриран во ЕУ.

„Ние, како земја, го заслуживме тоа многу одамна, бидејќи нашиот пат започна пред 25 години, но поради, би рекол, вештачки причини, сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство“, нагласи тој.

Од друга страна, премиерот во заминување на Бугарија, Жељазков, рече дека нема нерешени билатерални прашања меѓу неговата земја и Северна Македонија.

„Ова е паневропска позиција“, истакна тој.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *