Реакциите на нападот врз просториите на Инфомакс продолжуваат

Јавното обвинителство (ЈО) побара мерка притвор и психијатриска истрага за лицето кое во среда вечерта упадна во просториите на новиот веб-портал Инфомакс, за време на преносот во живо на подкастот „Тешки муабети“.

Како што информираат властите, лицето упаднало во студиото кршејќи неколку врати и упатило смртни закани до двајца новинари и гостинот на подкастот, имено затоа што изнесле критики кон премиерот Христијан Мицкоски, што напаѓачот го протолкувал како навреда на личноста и делата на Мицкоски.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) го осуди нападот, наведувајќи дека нападите од ваков вид се директен напад врз слободата на медиумите и правата на новинарите непречено да ја вршат својата работа и ги повика институциите на државата веднаш да го истражат и решат овој случај.

Од ДУИ исто така го осудија нападот, изразувајќи длабока загриженост за слободата на медиумите во Северна Македонија, сметајќи го секој облик на обид за заплашување или напад врз медиумите и медиумските работници како неприфатлив за едно демократско општество.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *