Муцунски вели дека „Скопје останува европска престолнина на културата за 2028 година“

Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година, потврди министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо по средбата во Брисел со еврокомесарот за меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт, Глен Микалеф.

Министерот Тимчо Муцунски, на социјалните мрежи објави дека заедно со министерот за култура Зоран Љутков и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја пренеле подготвеноста на Владата да продолжи со реализацијата на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, со, како што наведоа, силна меѓуинституционална поддршка. „Проектот досега беше целосно блокиран и управуван спротивно на законските прописи, но со активностите во изминатиот период процесот е деблокиран и насочен кон транспарентно и одговорно спроведување“, напиша министерот Муцунски.

„Во 2028 година, Скопје и државата ќе бидат јасно присутни на европската и светската културна мапа“, додаде министерот.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *