Пожар во Кочани: Премиерот го опишува 16 март како најтежок ден во неговиот живот

Пожарот во Кочани за мене е најтешкиот ден, не само за време на мандатот, туку и во животот – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, зборувајќи на самитот Македонија 2025.

Кажа дека веднаш по добивањето на информацијата за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ се упатил кон Кочани.

“Тоа утро беше негде 3:30 кога човек тропаше на вратата од мојот дом. Кога отворив тоа беше еден од обезбедувањето на министерот за внатрешни работи. Бидејќи не го гледав телефонот нормално во 3:30, логично е да спиете. Го погледнав телефонот и тогаш ја видов таа порака од министерот. Тој беше веќе упатен на лице место. Веднаш се соземав и прво што направив ги повикав луѓето од мојот тим да се упатиме веднаш кон Кочани. Негде околу 5, 5 и нешто пристигнавме”, изјави Мицкоски.

Понуда за помош пристигнувала од речиси сите земјите од регионот, но како што вели, тешко и емотивно било да се донесе одлука за прифаќање на помошта, особено од дел од соседите со кои имаме влошени односи.

“Во целата таа ситуација нормално е како човек да реагирате и да се создадат големи емоции, но треба да се носат одлуки. Сите чекаат да носите одлуки. Најтешки беа одлуките кога доаѓаше понуда за помош, посебно од регионот. А знаете вие, за жал немаме брилијантни односи со дел од соседите, би рекол поготово со еден од соседите.

Кога треба да носите одлука, мора да водите сметка за сите последици коишто може да настанат. Размислував неколку секунди и тогаш реков ве молам спремете ги најкритичните пациенти, ќе ја прифатам помошта која што ја нудат соседите и веднаш да ги транспортираат”, изјави Мицкоски.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *