Мицкоски вели дека има информации ДУИ ќе преземе чекори за дестабилизација на државата

Имаме информации со кои располагаме, добиени од повеќе канали, дека раководството на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во обид да го заштити капиталот којшто го создаваше изминативе 20-22 години, ќе превзема чекори во насока на дестабилизирање на државата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција со премиерот на Република Косово, Албин Курти.

Во одговор на новинарско прашање во врска со ставовите на Мицкоски произнесени викендов, дека ДУИ ја загрозува интеретничката слика во државата и претставува закана по мирот и стабилноста на Македонија како држава, премиерот нагласи дека очекува тоа да се случи оваа есен, но сепак, вели, времето ќе даде одговор дали информациите со кои располага се точни или не.

Прашан што се смени во ставот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за конструктивноста на ДУИ, откако ги поддржа измените на Законот за Влада, Мицкоски вели секоја конструктивност во насока на подобрување на условите за живот е добредојдена, без разлика за која политичка партија се работи.

Но, вели, Владата е должна да ги сподели информациите за „потенцијалното девијантно однесување на групи или политички партии“.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *