Американскиот Стејт департмент го осудува притисокот на Кина за самитот на IPAC

Го осудуваме притисокот на Кина врз пратениците да не присуствуваат на конференцијата на Интерпарламентарната алијанса за Кина (IPAC) во Тајван, изјави Стејт департментот за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Политичарите од најмалку шест земји, вклучително Босна и Херцеговина и Северна Македонија, тврделе дека кинески дипломати вршат притисок врз нив да не присуствуваат на Самитот фокусиран на Кина во Тајван, во, како што велат, напорите да се изолира самоуправуваниот остров, пишуваше новинската агенција Асошиетет прес.

Загрижени сме од извештаите дека пратениците биле притиснати од страна на Народна Република Кина да не присуствуваат на конференцијата IPAC во Тајван и ги осудуваме овие акти на принуда“, соопшти Стејт департментот.

Тие посочуваат дека Кина „често користи тактики на притисок, таргетирајќи ги поединци и организации кои се впуштаат во комуникација со Тајван, вклучувајќи вознемирување, заплашување, закани и надзор, и лично и онлајн“.

Тие нагласуваат дека ќе продолжат да го бранат „правото на слобода на изразување и способноста на пратениците и другите слободно да ги изразуваат своите ставови или да комуницираат со Тајван без страв од владин напад, одмазда или принуда“.

Меѓу пратениците од Северна Македонија кои се делегати на годишниот самит на Интерпарламентарната алијанса за Кина (ИПАК), македонски претставник освен Антонио Милошоски е и пратеникот од опозициската партија СДСМ, Фатмир Битиќи.

Двајцата, отпатуваа за Тајван. Потврдија дека биле контактирани од кинеската амбасада и лично и преку партиите.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *