
Во средата попладне, неколку стотици граѓани учествуваа на протестен марш во Скопје, барајќи построги казни за фемицид и институционална одговорност за насилството врз жените.
„Ниту една повеќе“ и „Нема да исчезнеме“ беа дел од пораките што гласно ги извикуваа присутните, кои повикаа на заштита на жените и на сериозен институционален пристап кон случаите на родово базирано насилство.
Од протестот беше упатено и барање до пратениците, на кои им беше даден рок до 10 декември да преземат конкретни чекори и да воведат построги законски казни за фемицид.